Колку чини рачниот часовник инспириран од филмот „Џокер“?

од desk4

Швајцарскиот изработувач на луксузни рачни часовници RJ Watches ја зграби мрачната страна на криминалниот кловн. Џокерот доби свој рачен часовник, а вреди 15 илјади долари, пишува „Машки магазин“.

RJ Watches се познати по своите соработки и реализации поврзани со поп културата. Одлично поминаа промовирајќи го „Спајдермен“, а сега му дојде редот и на „Џокер“. Луксузниот швајцарски бренд, во соработка со Warner Bros и DC Entertainment креираа часовник со шармот на Џокерот. Часовникот не е дефиниран само со ликот кој Жоакин Феникс го толкува во филмот, туку општо со карактерот на негативецот во кое било издание на познатата франшиза.

Часовникот е лимитирано издание и доаѓа спакуван во титаниумска верзија на RJ ARRAW кутија со изгравирани мотиви од филмот. Има антирефлектирачко сафирно стакло, а цената на часовникот изнесува 15.700 долари.

Слични содржини