Колку долго би требало да џвакаме гума за џвакање?

од Stefanija Kuzmanovska
381 прегледи

Иако гума за џвакање без шеќер може да го намали ризикот од расипување на забите и може да помогне во зајакнувањето на мускулите на лицето, предолго џвакање на гума за џвакање може да биде штетно.

Препораката на ортодонтот Калед Касем е гумата за џвакање да се џвака не повеќе од 15 минути.

„Џвакањето произведува плунка која ги чисти преостанатите парчиња храна и ја елиминира киселоста. Ова ја намалува можноста за кариес. Но, ако ја џвакаме гумата за џвакање подолго, глеѓта почнува да се троши. Ова се нарекува деминерализација.

„Без глеѓта, забите се почувствителни на осет и поподложни на расипување“, објасни д-р Касем.

Според стоматолозите, гума за џвакање може да ја влоши состојбата која ги зафаќа темпоромандибуларните зглобови, кои ја поврзуваат долната вилица со черепот. Тие го контролираат џвакањето, зборувањето, зевањето и голтањето.

„Гумата за џвакање не може да предизвика проблем со темпоромандибуларните зглобови, но може да ги влоши постоечките проблеми со нив. Затоа не се препорачува за луѓе кои имаат вакви тегоби“, предупреди д-р Касем.

Симптомите на нарушување на темпоромандибуларниот зглоб вклучуваат болка во вилицата, рамената, вратот или лицето, вкочанетост на вилицата, тешкотии при отворање или затворање на устата, пукање или кликање на вилицата, главоболки, болка и зуење во ушите и забоболка.

Стоматологот ги советува луѓето да избираат гуми за џвакање без шеќер, односно оние кои го содржат природниот засладувач ксилитол.

Слични содржини