Колку долго можете да го оставите вашето куче само?

од Stefanija Kuzmanovska
573 прегледи

Да се има куче значи да имаш распоред. Сè што правите мора да биде однапред договорено, а не е невообичаено да одбиете дружење со пријателите или ноќно излегување бидејќи се чувствувате лошо кога вашето куче ќе остане само дома.

Кучињата уживаат во друштвото на своите сопственици, но тоа не значи дека е нужно лошо или опасно да ги оставите сами дома. Секако, не треба да ги оставате предолго сами и треба да се погрижите времето што вашето куче го поминува само дома да биде што е можно попријатно.

Првото прашање што им доаѓа на ум на повеќето сопственици е колку долго кучето може да издржи без да оди на прошетка или да врши нужда. Ветеринарите велат дека кучињата во просек треба да уринираат три до пет пати на ден. Сепак, тоа е сосема индивидуално прашање, и кученцата и постарите кучиња дефинитивно треба почесто да уринираат.

Ви ги пренесуваме вообичаените временски рамки во кои можете безбедно да го оставите вашето куче само, земајќи ја предвид неговата возраст.

Кученца
Еден час за секој месец на старост (тримесечно кученце може да помине три часа без мокрење).

Возрасни кучиња (по една година)
Тие можат да бидат сами без шетање до осум часа, но идеално би било до шест часа.

Кучиња постари од 8 години
Во зависност од нивната големина и здравје, но никогаш не треба да се оставаат сами повеќе од 6 часа.

Слични содржини