Колку е богат првиот човек на Твитер?

од Stefanija Kuzmanovska
343 прегледи

Шефот на Твитер, Џек Дорси е вистински пример за луксуз. Тој е познат како контроверзен лик кој поради изјавите, начинот на живот, објавите и ледените бањи кои се дел од неговото секојдневие, доби многу критики.

На 15-годишна возраст, тој создаде софтвер што сè уште го користат некои такси компании. Кога не обиколуваше продавници со електронска опрема, тој беше чест гостин на панк-рок концерти.

Накратко студирал наука и технологија на Универзитетот во Мисури, а потоа се преселил на Универзитетот во Њујорк пред целосно да се откаже.

Во 2000 година, тој изгради едноставен прототип што му овозможи да ги информира своите пријатели за неговиот живот со помош на BlackBerry и електронска пошта. Никој навистина не беше премногу заинтересиран за тоа, па тој се откажа од таа идеја некое време.

Се вработи во Одео, каде ги запозна своите идни колеги со кои го основаше Твитер. Одео пропадна во 2006 година, па Дорси се врати на својата идеја за пораки и така се роди Твитер. Својот прв твит го напиша на 21 март 2006 година.

Тој стана извршен директор на 30-годишна возраст. До 2008 година, Еван Вилијамс ја презеде функцијата извршен директор, а Дорси стана шеф на управниот одбор на Твитер и веднаш се фрли во нови проекти.

Инвестираше во Форсквер и го основа стартапот за плаќање Сквер што им овозможува на сопствениците на мали бизниси да прифаќаат плаќања со кредитни картички преку паметни телефони.

Во 2011 година, тој направи интервју со американскиот претседател Барак Обама. Тој мораше да го потсети да ги задржи своите одговори во рамките на 140 карактери, што беше границата за објавување во тоа време.

Твитер се појави на јавниот пазар во ноември 2013 година, а за само неколку часа Дорси беше милијардер. Денес се проценува дека е „тежок“ 5,1 милијарди долари.

Јаде еднаш дневно и пости за време на викендите

Марк Закерберг го послужил со коза, која сам ја убил. Дорси раскажа пред „Ролинг Стоун“ за тој ручек, во 2011 година. Тој рече дека козата е послужена ладна, и дека тој се држел до салатата. Неговите навики во исхраната предизвикаа бројни критики.

Кога се појави на подкаст со гуру кој претходно рече дека вакцините предизвикуваат аутизам, Дорси рече дека јаде еднаш дневно, пости цел викенд и редовно се бања во ледени бањи. Тој вели дека кога за првпат постел, се чувствувал како да халуцинира.

„Тоа беше многу чудна ситуација. Но, кога го сторив тоа во следните два пати, ми стана јасно колку од нашиот ден се врти околу храната и како ми се случува кога ќе постам многу подолго, како да ми забавува времето“, рече тој.

Неговиот романтичен живот е полн со мистерија. Во 2018 година, тој наводно бил во врска со моделот на Sports Illustrated, Рејвен Лин Корнејл. Медиумите ги видоа кон крајот на минатата година на забава за време на модната недела во Њујорк. Се пишуваше дека негови поранешни се актерката Лили Кол и балерината Софијан Силви.

Тој е голем обожавател на криптовалути и често објавува твитови за нивните доблести. Тој е особено љубител на биткоинот, кој на почетокот на годината го опиша како „еластичен“ и „принципиелен“. За медиумите изјави дека максимално го искористил ограничувањето за трошење на 10.000 американски долари на апликацијата „Скверс Кеш“ за да купи биткоин.

Слични содржини