На најновата листа на земји и територии рангирани според „моќноста“ на нивните пасоши, Македонија се најде на 44-то од 109 места според извештајот објавен од лондонската истражувачка компанија за глобално државјанство и престој „Henley & Partners“.
Со македонскиот пасош може да се влезе во 125 земји без виза.
Земјите се рангирани врз основа на бројот на земји за кои на имателите на одреден пасош не им е потребна виза.
Од земјите од поранешна Југославија, најдобро рангирана е Словенија, на 11-то место, бидејќи нејзините граѓани можат без виза да патуваат во 182 земји. Хрватска е на 18-то место, бидејќи на сопствениците на нејзиниот пасош не им е потребна виза за влез во 174 земји.
Србија го зазеде 38. место и беше најдобро пласирана меѓу шесте Западен Балкан. Граѓаните на Србија без виза можат да влезат во 136 земји.
На 49 место е пасошот на Босна и Херцеговина (влез во 118 земји без виза).
Патната исправа на Албанија е на 51. позиција (влез во 115 земји без виза), додека Косово го зазема 101. место, бидејќи пасошот издаден од властите во Приштина дозволува влез во 41 земја.
Прва на листата е Јапонија (влез во 193 земји без виза), додека второто место го делат Јужна Кореја и Сингапур (192 земји). На третото и четвртото место се Германија, Шпанија, Финска, Италија и Луксембург.