Колку е опасен бразилскиот сој на корона што се шири низ Европа?

од Nikola Popovski

Медиумите постојано шират вести за нови, наводно уште поопасни соеви на коронавирусот. Колку е опасен мутантот П.1? Тој се појави во Бразил во јануари, а во меѓувреме стигна и до Европа.

Вирусот се шири со вртоглава брзина во Бразил, а според податоците од 8 април, над 13 милиони луѓе биле заразени во таа земја, која брои 211 милиони жители.

Што е познато за сојот П.1?

Неспорно е дека сојот е веќе регистриран во Мексико или Колумбија, а пристигнал и во Европа, Белгија и Шведска.

Дали текот на болеста е потежок кај овој сој?

Според претходните искуства од други земји, лекарите се склони да кажат – не, не е. Но, тешко е да се одговори дефинитивно, токму поради зголемената зараза и пренатрупаноста на болниците.

Дали вакцината делува и против сојот П.1?

И овде сè уште нема едноставен одговор: познато е дека вакцините на АстраЗенека и Фајзер/Бионтек во лабораторија создаваат антитела против овој сој, но исто така е познато дека АстраЗенека не е толку ефикасна против јужноафриканскиот сој Б.1.351.

Сепак, веќе се покажа дека и со други препарати, вакцинираните лица можат да бидат „нападнати“ од вирусот, но дека текот на болеста е многу поблаг. До тој степен, може да се каже дека постојните вакцини работат до одреден степен против видот П.1, но ова сè уште интензивно се истражува.

 

Слични содржини