Ким Кардашијан ја сподели на социјалните мрежи првата фотографија на која го собрала своето петчлено семејство. Пред околу три месеци, таа и нејзиниот сопруг, Канје Вест, добија трето дете – девојче кое го нарекоа Чикаго, родена од сурогат мајка, и оттогаш не се појавиле јавно.
„Јас не мислам дека навистина разбирате колку е тешко да се направи убава семејна слика. Тоа е сè што направивме пред трите деца да почнат да плачат. Мислам дека и јас исто така заплакав“, напиша Ким на сликата. „Со едната рака го држам бебето, а со другата кошулата на Сеинт, која постојано трча наоколу“.
Неодамна таа изјави дека се обидува да поминува што е можно повеќе време со своите деца и да обрнува внимание само на нив.
„Едно од правилата кои сум си ги поставила е кога сум со своите деца, да сум без телефон. Значи додека читам приказни вечер или се средуваме наутро, едноставно го оставам телефонот настрана“.
Па, имајќи предвид дека целата нејзина кариера се гради на социјалните мрежи и реалити ТВ, доста тешко ни е да поверуваме дека успева да го испочитува своето правило.