Колку функционерските плати придонесоа за зголемување на инфлацијата? Еве што одговори Димитриеска Кочоска

од Nikola Popovski
56 прегледи

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска беше запрашана колку функционерските плати придонесоа за зголемување на инфлацијата. Евидентно е дека со растот на просечната плата, имаше корекции и кај одредени плати.

-Кај функционерските плати она што значи пратеници и министри, немаше пораст ниту еден денар затоа што ги менувавме методологиите. Исто и кај избраните и именувани лица од страна на Собранието. Како било понатаму, не можам да знам затоа што овој дел не е во надлежност на Министерството за финансии. Просечната плата не е само резултат на пораст на платите во јавната администрација. Да погледнеме кои се податоците од ДЗС и колку лица се вработени во Македонија. Ако се 150 илјади лица, а над 650 илјади имаме вработени, сето останато е во приватниот сектор. Не може државата со зголемување на платите да направи пораст од 10,5 % на просечната плата. Тоа е резултат на приватниот сектор кој има проблем – нема доволно работници. Затоа сме фокусирани на преквалификување, рече министерката на денешната прес-конференција во Владата.

Слични содржини