Во дебитантскиот настап за Реал Мадрид во Ла Лига, Ендрик успеа да постигне гол. Тој ја потврди победата на Мадрид во второто коло од Ла Лига против Ваљадолид (3:0). Голот отклучи една од клаузулите кои Ендрик ги има во договорот.
Како што пренесуваат медиумите од Бразил, според договорот, Мадрид ќе треба да му плати на Палмеирас 35.000 евра за секој постигнат гол, асистенција или пенал на Ендрик до 2030 година.
Ниту една страна не потврди дали бонусите за головите и натпреварите како стартер имаат ограничување.
Во договорот на Ендрик има голем број на бонуси за кои Палмеирас може да заработи најмногу 12,5 милиони евра.
Реал плати 35 милиони евра на кои може да се додадат уште 25 за голови, а клубот плати и 12 милиони евра данок.
Бразилските медиуми открија дел од клаузулите во договорот на Ендрик.
1. Секој гол, асистенција или пенал (ако се изведе пенал, се брои само еден) – 35.000 евра.
2. Секој натпревар како стартер на Реал Мадрид со најмалку 45 минути – 75.000 евра.
3. Шампион на шпанското првенство, а стартува во осум натпревари – 500.000 евра или ако започне 18 натпревари – 1.000.000 евра.
4. Полуфиналист во Лигата на шампионите, а стартува четири натпревари – 1.000.000 евра или осум натпревари – 2.000.000 евра.
5. Шампион на ЛШ со старт на четири натпревари – 1.000.000 евра или осум натпревари – 2.000.000 евра.
6. Награда „Golden Boy“ – 1.000.000 евра.
7. Топ 3 во изборот за „Златната топка“ – 1.000.000 евра или освојувач на истата – 2.000.000 евра.