Kолку пари доби ПСЖ за освојувањето на Европскиот Суперкуп?

Фудбалерите на ПСЖ го освоија Европскиот Суперкуп по изведување пенали синоќа, но не беа финансиски наградени за тоа

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Фудбалерите на ПСЖ го освоија Европскиот Суперкуп по изведување пенали синоќа, но не беа финансиски наградени за тоа. Поточно, заработија 30 пати помалку отколку за освојувањето на Лигата на шампионите.

Имено, само за учество во натпреварот одигран синоќа во Удине, двата тима добија по 4 милиони евра, а ПСЖ доби дополнителни еден милион евра како победник.

Така, вкупниот награден фонд за ПСЖ е 5 милиони евра, или дури 30 пати помалку отколку за освојување на Лигата на шампионите, со оглед на тоа што Парижаните добија вкупно 150 милиони евра за освојување на европската титула минатата сезона.

Секако, треба да се земе предвид дека ПСЖ одигра 17 натпревари на патот до титулата во Лигата на шампионите, но сепак, награда од 5 милиони евра е занемарлива кога знаете колку чинат трансферите и платите во денешниот фудбал.

Да потсетиме, Тотенхем поведе со головите на Мики ван де Вен и Кристијан Ромеро во 39-та и 48-та минута, а Канг-Ин Ли и Гонсалo Рамос извојуваа нерешен резултат и изведување на пенали за ПСЖ во 85-та и 90+4. минута. Во изведувањето на пенали парижаните победија со 4:3.

Слични содржини