Колку пари доби победникот на Евровизија? – е прашање што вчера повторно стана актуелно, а одговорот е – ништо.
Милиони фанови го следеа финалето на Евровизија во саботата, во кое Италија победи по 31 година. Бендот Манескин, предводен од пејачот Дамијано Дејвид, стана светска атракција преку ноќ, а фотографиите на кои позираат со стаклен трофеј и пијат шампањ ги преплавија медиумите.
Паралелно со дискусијата за тоа дали пејачот шмрка кокаин во директниот пренос и љубовниот статус на Дамијан, некои прашаа со колку пари популарните Италијанци ќе го напуштат ова шоу. Има смисла, знаеме колку се вложува во тој спектакл секоја година, па оттаму колкава е тогаш наградата?
Нема парична награда на Евровизија.
Според официјалната веб-страница на Евровизија, победникот носи дома стаклен трофеј, а авторите на песната добиваат помали реплики. Трофејот е специјално дизајниран за овој настан во форма на микрофон од педесеттите години.
Покрај тоа, земјата од која доаѓа победникот ја добива честа да го организира следниот Евросонг и тоа е тоа.
Британското „Метро“ пишува дека идејата за Евровизија е победникот да заработи пари со славата што ја стекнал на тоа натпреварување. Пример за добро исплатена победа на Евровизија се „Абба“ и Селин Дион, кои станаа светски познати ѕвезди.