316
На едно четиричлено семејство во просек во јули му биле потребни 33.265 денари за задоволување на основните месечни потреби.
Најмногу пари, според Синдикалната минимална кошница, се потребни за храна и пијалоци односно 14.064 денари, како и за подмирување на режиските трошоци 10.444 денари. За превоз биле потребни 2.466 денари, а за хигиена 2.369 денари.
За облека и обувки биле потребни 2.142 денари, а за културни активности 1.066 денари.