Колку „тежат“ најбогатите семејства?

од Stefanija Kuzmanovska

Најбогатите 25 семејства во светот вредат 1,4 трилиони (илјади милијарди) долари. Приматот најбогато семејство го уживаат Валтон од САД, коишто се сопственици на ланецот продавници Walmart, а тоа им донесе богатство од 215 милијарди долари.

Со богатство од 120 милијарди долари се најде уште едно семејство од САД, овој пат Марс, кои се сопственици на прехранбениот бренд Mars. Индустријата на семејството Коч од САД, преку Koch Industries, му донесе богатство од 109,7 милијарди долари и го прави трето најбогато семејство во светот.

Со 95 милијарди долари, семејството Ал Сауд од Саудиска Арабија е четврто најбогато семејство во светот, благодарение на индустриските капацитети.

По Саудиска Арабија се селиме во Индија, каде што живее семејството Амбани. Тие се сопственици на конгломератот Reliance Industries, што им носи богатство од 81,3 милијарди долари.

Во првите 10 се најдоа и две семејства од Франција, уште едно од САД и две од Германија. Тие се: Хермес (63,9 милијарди долари), Вертхајмер – Chanel (54,4 милијарди долари), Џонсон – Fidelity Investments (46,3 милијарди долари), Боерингер – Boehringer Ingelheim (45,7 милијарди долари) и Албрехт – Aldi (41 милијарда долари).

Анализирано по сектори, осум се од секторот услуги со вкупна вредност од 514,3 милијарди долари, четири се индустријата и вредат 324,1 милијарда долари, додека производи за широка потрошувачка се три фамилии со вредност од 187,3 милијарди долари, покажува анализата на VisualCapitalsts.

loading...

Слични содржини