Колку трошат електричните автомобили?

од Nikola Popovski

Сите знаеме дека отстапувањата од фабрички декларираната потрошувачка во реални услови на возење се различни, односно дека бројката што ќе ја објави фабриката е многу тешко остварлива. Сепак, навикнати сме на овие отстапувања кај бензинските и дизел моторите, а сега е направено истражување за потрошувачката на електричните автомобили, а резултатите покажаа дека има големи отстапувања.

Германскиот магазин „Auto Zeitung“ тестираше електрични возила на патиштата и нивната потрошувачка, односно отстапувања од WLTP мерењата. Овие мерења на потрошувачката беа воведени откако претходниот NEDC стандард се покажа како неконзистентен со реалната потрошувачка, односно беше спроведен во лабораториски услови. Како стојат работите со електричните автомобили?

Само две возила во реални услови трошaат како и на WLTP тестот или уште помалку. Тоа се Peugeot e-208 и Renault Zoe.

Досегот на новиот автомобил се мери на точно 23 степени надворешна температура, што е идеално. Греењето и климатизацијата остануваат исклучени за време на мерењето, што ја намалува потрошувачката.

Според „Ревија ХАК“, некои возила трошат дури 30 проценти повеќе (вредностите се во kWh) од декларираното, а во табелите можете да видите кои модели имаат најголема разлика помеѓу реалната потрошувачка и онаа објавена од производителот.

Отстапување до 30 проценти:

Отстапување над 30 проценти:

Извор: Nova.rs.

Слични содржини