Ако сте повисоки или пониски од просекот, може да забележите неколку предности и недостатоци на вашата висина.
Имено, вашата висина е поврзана со вашето здравје. Иако висината сама по себе не предизвикува никакви здравствени состојби, истражувањата покажуваат дека таа може да ја зголеми или намали веројатноста дека ќе имате одредени здравствени проблеми.
Ќе ви ја откриеме врската помеѓу висината и одредени болести…
1. Рак
Некои истражувања покажуваат дека подпросечната висина може да значи дека е помала веројатноста да добиете некои видови на рак. На пример, една студија на повеќе од 100.000 жени во Европа и Северна Америка покажа дека пониските жени имаат помала веројатност да развијат рак на јајниците. Студијата во која учествуваа повеќе од 9.000 Британци на возраст меѓу 50 и 69 години покажа дека пониските мажи имаат помали шанси да развијат рак на простата.
2. Дијабетес
Должината на вашите нозе може да биде поврзана со вашите шанси да заболите од дијабетес тип 2. Врз основа на петгодишни податоци од повеќе од 6.000 возрасни, научниците веруваат дека високите луѓе имаат помала веројатност да заболат. Не е јасно зошто двете работи се поврзани, но една идеја вели дека нискиот раст е знак за лоша исхрана или други метаболички проблеми пред раѓањето или за време на детството.
3. Срцеви заболувања
Научниците не се сигурни зошто точно, но луѓето кои се пониски од 160 см имаат околу 50% поголеми шанси да добијат коронарна срцева болест отколку оние кои се високи 172 см или повисоки. Причината може да биде лошата исхрана или инфекциите пред раѓањето или во детството кои влијаат на растот. Исто така, можно е вашите гени да влијаат и на висината и на појавата на проблеми со срцето подоцна во животот.
4. Мозочен удар
Се јавува кога протокот на крв во област на мозокот е прекинат. Постарите луѓе имаат помала веројатност да го имаат, а тоа е особено точно ако имаат здрава тежина. Диетата и другите работи поврзани со здравјето во детството, а кои влијаат на тоа колку сте високи, може да биде една од причините за врската.
5. Згрутчување на крвта
Ова може да биде сериозна состојба, особено ако се формира во голема вена или патува до белите дробови. Научниците не можат да објаснат зошто, но истражувањата покажуваат дека колку сте пониски, толку е помала веројатноста да имате згрутчување на крвта во вената. Најмали шанси да го добијат имаат луѓето кои се пониски од 152 см.
6. Алцхајмерова болест
Висината може да биде предност кога станува збор за овој тип на деменција, особено кај мажите. Една студија на повеќе од 500 луѓе покажа дека мажите кои се околу 180 см или повисоки имаат речиси 60% помали шанси да развијат Алцхајмерова болест од оние кои се околу 170 см или пониски. Можеби повисоките жени имаат помали шанси за тоа, но нивната врска со висината се чини дека не е толку силна.
7. Бременост
Високите жени имаат поголема веројатност да имаат подолга бременост отколку пониските жени. Во една студија, жените кои биле високи 152 см или пониски имале поголема веројатност да се породат пред да го стигнат полниот термин од оние кои биле високи 172 см или повисоки. А за секој сантиметар разлика во висината меѓу две трудници, пониската жена се породила пет дена порано. Научниците не се сигурни зошто е тоа така, но тоа би можело да биде поврзано со големината на одредени делови од телото, како на пр. матката или грлото на матката.
8. Губење на косата
Истражувањето спроведено на повеќе од 22.000 мажи од седум земји покажа дека пониските мажи имаат поголема веројатност да станат ќелави. Научниците бараа промени во специфични гени кои би можеле да ги зголемат шансите на мажот за рано губење на косата. Тие откриле четири кои биле поврзани и со машката ќелавост и со помалиот раст.
9. Подолг живот
Неколку студии во текот на годините покажаа дека пониските луѓе имаат тенденција да живеат малку подолго од повисоките луѓе и имаат помалку долгорочни болести како што стареат. Научниците сè уште ги проучуваат причините за ова, но некои области што ги истражуваат вклучуваат количина на оштетување на клетките со текот на времето, нивоа на некои хормони и големината на некои органи, како што се мозокот, црниот дроб и бубрезите.
10. Топлинска исцрпеност
Пониските луѓе имаат помала веројатност да се прегреат или да имаат посериозна состојба наречена топлотен удар. Ова е главно затоа што повисоките – и потешки – луѓе генерираат повеќе топлина на телото. Ако го направат тоа побрзо отколку што можат да го решат, како за време на интензивно вежбање, тоа може да доведе до топлотен удар или топлотна исцрпеност. Од друга страна, повисоките луѓе можат да останат потопли од пониските луѓе во постудено време поради истата причина.
11. Долниот дел на грбот и колковите
Пониските луѓе имаат помала веројатност да имаат болки во долниот дел на грбот или да скршат колк. Една од можните причини зошто повисоките луѓе имаат поголеми шанси за фрактура на колкот е фактот што тие имаат високо тежиште. Ова не само што ја зголемува веројатноста за нивно паѓање, туку може да ги натера да удрат со поголема тежина на земјата ако тоа се случи.