13
Александар Усик и Тајсон Фјури добија огромна сума на пари на реваншот за титулата светски шампион во тешка категорија, кој се одржа во Ријад.
За првата борба сумата наменета за боксерите беше 144 милиони евра, а околу 70 отсто од таа сума отиде кај поразениот Фјури.
Според Индипендент, за оваа борба во оптек биле околу 183 милиони, наводно во однос 55-45 за Усик.
Доколку тој сооднос е точен, Усик за победа земал 100,65 милиони евра, додека Фјури од Ријад ќе замине побогат за 82,35 милиони.
Усик славеше откако сите тројца судии ја оценија борбата 116:112 и на тој начин стигна до својата 23-та победа во 23-та борба во кариерата.
По 34 победи и едно реми, Фјури го забележа вториот пораз во кариерата.