Колку заработува Снуп Дог за промоција на Олимпијадата?

од Vladimir Zorba
53 прегледи

Раперот Снуп Дог е голема ѕвезда на Олимпијадата во Париз, а Американецот има договор со телевизијата Ен-Би-Си и активно се вклучува во промоцијата на Игрите, секогаш на местата каде Американците имаат шанса за медали или се борат за титулата.

Но, колку заработува Снуп за промоција на Олимпијадата? Според претприемачот Хенри Л. Мекнамара, раперот добива 500.000 долари дневно плус трошоци.

„На вечерата седнав до еден од директорите на NBC – напиша Мекнамара на 4 август на Твитер. „Тој рече дека Снуп добивал 500.000 долари дневно плус трошоци за промоција на Олимпијадата“.

Со оглед на тоа што посветеноста на Снуп кон NBC е за 16-те дена од Игрите, тоа значи хонорар од 8 милиони долари, што, сепак, не е потврдено ниту од мрежата ниту од менаџментот на раперот.

Слични содржини