Колку злато има Македонија и колку имаат „складирано“ државите од соседството?

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Златни резерви – количините на злато што ги чува централната банка или државната каса, складирани како шипки во трезорите, служат за заштита од инфлација, се валутни стабилизатори и заштита од економска криза.

Многу земји дури и денес чуваат злато користејќи го како стратешко финансиско средство за зајакнување на својата економија и заштита на нивната валута на глобалната сцена.

Златните резерви во Босна и Херцеговина во 2024 година се непроменети. Во третиот квартал од минатата година тие изнесуваа 1,49 тони, како и во вториот квартал од 2024 година. Резервите на злато во Босна и Херцеговина во просек од 2000 до 2024 година беа 1,54 тони, достигнувајќи највисоко ниво од 2,99 тони во првиот квартал на 2013 и рекордно ниско ниво од 0,00 тони во вториот квартал од 2000 година, известува босански „Капитал“.

Златните резерви на Босна и Херцеговина во октомври 2024 година изнесуваат 130,879 милиони американски долари.

Според извештајот на Светскиот совет за злато, од 100 опфатени земји, БиХ минатата година се најде на 100-то место според резервите на злато.

Сепак, ниту некои други земји во непосредна близина не се особено високо рангирани, на пример Словенија е на 91 место (со залихи од 3,2 тони), а Албанија на 90 место (со залихи од 3,4 тони), додека Србија е највисоко позиционирана на 53 место со (43,6 тони злато). Македонија е зад нив со 6,89 тони.

Светскиот совет за злато забележува дека рангирањето е ажурирано во октомври 2024 година и ги одразува податоците достапни во тоа време. Податоците се земени од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Меѓународната финансиска статистика (IFS) од октомври 2024 година, како и други извори. На списокот не се сите земји во светот, бидејќи како што наведува Советот, познато е дека некои земји поседуваат злато, но тоа не го пријавуваат јавно.

Земја со најголеми резерви на злато на крајот на 2024 година беше Америка (8.133 тони), Германија втора со многу помали резерви (3.351 тони), додека на трето место е организацијата – ММФ со (2.814 тони). Во првите пет беа Италија со (2.451 тони) и Франција (2.436 тони).

Слични содржини