Колони кон Грција, метеж на „Богородица“

од Nikola Popovski
269 прегледи

Колони возила чекаат утрово да ја минат македонско-грчката граница на преминот „Богородица“. Спроед видео-надзорот на системот за следење на граничните премини, на „Богородица“ се чека и се патува за Грција, но и од соседните земји, особено од Србија преку Македонија се влегува на грчка територија каде веќе е во полн ек сезоната.

Од АМСМ информираат дека на ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила и времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини