Колони на „Богородица“, се чека за влез во Грција

од Nikola Popovski
582 прегледи

Зголемена фреквенција на возила утрово има на еден граничен премин во државата, според видео-камерите на Јавното претпријатие за државни патишта.

Според тоа што може да се види, се чека во две колони за излез од државата на „Богородица“ кон Грција. Засега не е познато колку време се чека на граничниот премин.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

 Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини