Колони возила на „Блаце“ за влез во земјава

од Nikola Popovski
198 прегледи

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено со зголемен интензитет. Од видео-камерите на граничните премини во моментов може да се забележи дека има долги колони возила на ГП „Блаце“ за влез во земјава, додека на другите премини само неколку автомобили кои се движат без застој.

Претходно од АМСМ соопштија дека на ГП „Табановце“ за влез се чека околу 2 часа и 30 минути, а за излез се чека околу 30 минути. Од таму додаваат дека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини