Утрово повторно колони за излез од државата, иако од АМСМ информираат дека нема подолги чекања и задржувања.
Како што може да се види од камерите на граничните премини, на „Богородица“ има две пуштени две ленти со возила кои чекаат да влезат на грчка територија.
-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.