19
Колумбискиот тим ја совлада селекцијата на Уругвај во 1/2-финалниот натпревар на Копа Америка, со што Колумбијците се пласираа во финалето на турнирот. Тимот на Нестор Лоренцо на тој начин ја продолжи серијата без пораз на 28 натпревари.
Оваа серија вклучува 22 победи и 6 нерешени, а 12 од последните 13 натпревари завршиле успешно. Последниот пораз беше против Аргентина на 2 февруари 2022 година за време на квалификациите за Светското првенство, кое подоцна го освоија Лео Меси и компанија.
Двата тима сега повторно ќе се сретнат во претстојното финале на Копа Америка на 15 јули (понеделник), при што Колумбија сака да ја освои својата втора титула на турнирот, додека Аргентина ќе се обиде да го стори тоа по 16-ти пат.