Колумбија: Се сруши трибина за време на борба со бикови, има жртви

од Stefanija Kuzmanovska

Четири лица загинаа, а околу 70 се повредени кога се урна дел од трибината на арената за борби со бикови во градот Ел Еспинал во Колумбија, соопштија синоќа локалните власти.

„Вонредната ситуација е надмината на местото на инцидентот. Околу 70 лица се повредени“, потврди службата за цивилна заштита во Ел Еспинал.

Гувернерот на провинцијата Толима, Хозе Рикардо Ороско, за локалното радио Блу ​​потврди дека е познато дека загинале четири лица – две жени, маж и малолетник, а неколку лица се водат како исчезнати.

Слични содржини