Колумбиските власти издадоа налог за апсење на бунтовници

од Vlatko K
107 прегледи

Колумбискиот мировен трибунал нареди апсење на четворица бунтовнички лидери кои се појавуваат во видеото во кое се најавува продолжение на бунтот.

Во соопштение на Трибуналот се вели дека Лусијано Марин, поранешниот главен преговарач на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) и неговите соработници, кои стојат до него на снимката вооружени, ги загубиле своите привилегии според мировниот договор од 2016 година, со кој заврши половина век крвопролевање.

Договорот предвидува бунтовниците кои признаат воени злосторства и обештететат жртви ќе добијат имунитет од гонење и екстрадиција во САД.

Бунтовниците наведоа дека повторно се вооружуваат бидејќи конзервативната влада на колумбискиот претседател Иван Дуке не го испочитувала договорот и не направила ништо по повод убиствата на стотици левичари и 150 демобилизирани бунтовници во изминатите три години.

Дуке го обвини претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, дека им обезбедил засолниште на бунтовниците и понуди речиси милион долари за нивно апсење.