282
Фудбалерот на Баерн, Кингсли Коман, имал мала операција на срцето. Тој бил опериран поради аритмија.
Се поминало како што треба и Французинот треба да се врати на терените за две недели.
Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман зборуваше за оваа ситуација и истакна дека не е ништо страшно.
– Имаше благо пореметување поради кое имаше проблеми со дишењето, па решивме да се оперира. Сето тоа звучи многу подраматично отколку што навистина беше. Го очекувам на тренинзи за 10, најмногу 14 дена – изјави Нагелсман.
Коман во вторникот играше против Барселона. Тој влезе во игра во 82. минута, а беше опериран по натпреварот.