Командант Соколи ќе сведочи дека кумановската „мала војна“ е конструкција со подготвено сценарио и режија?

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Иако притворените осомничени за тероризам во кумановското „Диво насеље“ немаат силни аргументи да го оправдаат своето дејствување во Куманово, затоа што пукале и ликвидирале полициски службеници, сепак, тие, како што пренесуваат членови на нивните семејства, ќе настојуваат да укажат дека целиот случај е конструкција, дека тие контактирале со службеници на УБК, но и со политичкиот врв во државата, пишува неделникот Фокус во новиот број.

кум пол

Дали еден од водачите на групата, Сами Укшини, командант Соколи, ќе сведочи дека во Куманово некој друг подготвил сѐ – и сценарио и режија, а на крајот само ги повикал актерите да одглумат!?