222
Командантот на украинските копнени сили, генерал-полковник Олександр Сирскиј, изјави денеска дека ситуацијата околу опколениот Бахмут е „исклучително напната“.
„И покрај значителните загуби, непријателот ги воведе во битката најподготвените јуришни одреди на Вагнер, кои се обидуваат да ги пробијат нашите одбранбени линии и опсадата на Бахмут“, рече Сирскиј, според соопштението на Воениот медиумски центар на Украина на Телеграм.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски претходно изјави дека воената ситуација околу градот Бахмут станува се потешка, пренесува „Ројтерс“.