Командантот на украинските сили: Во војна е неопходно да се убие на територијата на непријателот

од Stefanija Kuzmanovska
588 прегледи

Главниот командант на украинските сили Валериј Залужни во интервју за американскиот „Вашингтон пост“ признал дека имало украински напади врз руска територија.

„Тоа е наш проблем и од нас зависи како ќе го уништиме овој непријател. Во војна е можно и неопходно да се убие на територијата на непријателот“, рече тој.

Артилериски оган и оган од беспилотни летала од Украина се најчестите и повторливи цели на руските погранични области.

Новинар од американскиoт весник забележал дека властите во Киев обично не ги признаваат прекуграничните напади.

Залужни навел дека оружјето произведено во Украина се користи во чести прекугранични напади.

„Ако нашите партнери се плашат да го употребат своето оружје, ние ќе убиваме со нашето“, рече Залужни, алудирајќи на условот кој го наметнаа западните сојузници, а тоа е дека испорачаното сојузничко оружје не смее да се користи за напади врз руска територија.

 

„Зошто, за да го спасам мојот народ, треба да барам дозвола од некого што да правам на непријателска територија?“, праша Залужни.

Слични содржини