Командирот на тетовските пожарникари: Не видовме и не мислевме дали вадиме живи или мртви

од Берта Китинска

Командирот на Територијалната противпожарна единица,  Ука Алити изутрината пред новинарите изјави дека глетката од пожарто во ковид-центарот во Тетво била стравична.

-Дадовме сè од себе, го дадовме максимумот само пламените јазици да не се прошират и да можеме да извадиме што повеќе луѓе. Во тие моменти не видовме и не мислевме дали вадиме живи или мртви, колку што можевме извадивме, но треба да нагласам дека и многу од граѓани и од лекарите ни дадоа голема помош за да ги евакуираме луѓето кои беа во модуларниот центар, сведочеше Алити.

Тој  вели дека добро е што не биле зафатени остнатите објекти од болницата, како  Инфективното  одделение, кое е во непосредна близина и се лекуваат 20 пацинети.

Од Министерството за здравство информираат дека во вчерашната несреќа при пожар во Ковид центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица.

-Во Ковид центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди. Министерството за здравство изразува сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа. Министерството во текот на денот постојано ќе информира за сите нови детали околу случајот, апелираме до медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан, информираат од Министерството.

Слични содржини