Една нова студија од Универзитетот во Оксфорд покажа дека повеќето луѓе кои примиле две дози вакцини од коронавирус од различни производители, имаат лесни и умерени несакани ефекти.
Првите официјални резултати од ова истражување се очекува да бидат објавени во јуни, а прелиминарните резултати беа објавени во научното списание „Лансет“.
За време на истражувањето биле прегледани повеќе од 800 лица на возраст од околу 50 години, а се покажало дека имале несакани ефекти по мешање на дозите на вакцини од компаниите „АстраЗенека“ и „Фајзер“, пренесуваат Би-Би-Си и Спутник. рс
Несаканите ефекти траеле кратко и немало други безбедносни последици, а волонтерите најчесто се жалеле на треска, замор, главоболки, малаксаност и болки во мускулите.
Секој десетти волонтер кој добил две дози на АстраЗенека одвоени четири недели, пријавил треска, додека во комбинација на АстраЗенека и Фајзер, процентот се зголемил за 34 проценти.
Една студија беше лансирана во февруари за да се види дали друга вакцина може да даде подолг имунитет за време на ревакцинација, подобра заштита од нови мутации или едноставно да дозволи размената на вакцините од страна на клиниките кога едната од нив нема залихи.
Студијата беше проширена во април, кога уште 1.050 волонтери се придружија да ја тестираат комбинацијата вакцини Модерна / Новавакс и АстраЗенека / Фајзер.