Коментарот на Милена Радуловиќ под објавата на Ана Николиќ стана хит

од Stefanija Kuzmanovska

Откако пејачката Ана Николиќ, заедно со бројни други јавни личности, ја поддржаа Милена Радуловиќ, актерка која го обвини Мирослав Мика Алексиќ за силувања, следеше коментарот на Милена на Инстаграм, кој ги „запали“ корисниците на социјалните мрежи и стана хит.

„Не ја познавам лично оваа млада дама, ја имаш целата моја поддршка! Доста беше тишина! “, напиша Ана Николиќ, а потоа следеше коментарот на Милена.

„Долго размислував дали да го напишам ова, а веднаш сакав. Јас сум, пи*ко, Милена! Благодарам“, беше реакцијата на актерката.

Коментарот „Јас сум пи*ко Милена“ се однесува на една од виралните реченици што Ана ги изговори во телефонски разговор, кога го „уништи“ автомобилот на нејзиниот поранешен сопруг (Јас сум, пи*ко, Ана).

Слични содржини