Високата комесарка за човекови права на Обединетите нации, Мишел Башеле, денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги запре вооружените напади врз Украина и нагласи дека нуклеарната централа Запорожје мора да се демилитаризира.
„Меѓународната заедница мора да инсистира на документација за еден ден да може да ги докаже воените злосторства“, рече Башеле во говорот по повод крајот на нејзиниот мандат, пренесува „Ројтерс“.
Нуклеарната централа Запорожје е најголемата нуклеарна централа во Европа и од март е под контрола на руските сили.