Ник Канон повторно е во центарот на вниманието – овој пат затоа што не ги именува сите 12 свои деца. За време на гостувањето во поткастот „The Really Good“ со Боби Алтоф, водителот го праша дали може да ги именува сите. „Ги знам сите, но можеш ли ти да именуваш 12 од било што?“, одговори Канон, додавајќи дека тоа „многу го доведува во неволја“.
Почна да ги наведува имињата, стигна до 10, а потоа призна дека му недостасуваат две. Конечно, се сети на Бистил и Хало – неговите најмлади деца – и воздивна со олеснување: „Го направив тоа. Речиси“.
Тој исто така откри дека напишал стих за да му помогне да ги запомни имињата на сите свои деца, но не сакал да го изведе во емисијата. „Тие имаат одреден ритам во нивните имиња“, рече тој.
Канон се пошегува во истиот поткаст дека има „проблем со контрола на спермата“ и дека прави Кегелови вежби за да го реши тоа. „Да не знаев што е кондом, веројатно ќе имав илјада деца“, рече тој низ смеа.
Додаде дека татковството му е многу важно и дека е „поприсутен“ во животот на своите деца отколку што бил неговиот татко: „Благословен сум што имам работен распоред што ми овозможува да поминувам многу време со моите деца. Можам да одам на нивните претстави, можам да дојдам кога ќе ги донесат своите цртежи од училиште… Навистина е посебно.“
Кои се мајките, а кои се децата?
Канон има 12 деца со шест различни жени:
* со Мараја Кери ги има близнаците Морокан и Монро
*со Британи Бел ги има синовите Голден Сагон и Рајз Месија и ќерката Паврфул Квин
*со Аби Де Ла Роса ги има близнаците Зајон Миксолидијан и Зилион Хер и ќерката Бизути Цепелин
*со Бре Тиеси го има синот Леџендери Лајон
*со ЛаНиша Кол ја има ќерката Оникс Ајс Кол.
Интернетот е поделен
Реакциите на социјалните мрежи беа жестоки. „Да не ги знаеш имињата на своите деца? Тоа е навистина ужасно“, напиша еден корисник.
Друг коментираше: „Можеби би било полесно ако немаа овие претерано екстравагантни имиња“.
Сепак, имаше и такви што застанаа во негова одбрана.
„Мајка ми има само четири сина и никогаш не го кажува името како што треба“, напиша друг.