305
На социјалните мрежи кружи видео од Србија на кое политичарот Владимир Орлиќ, претставник на Српската напредна странка, чиј претседател е српскиот претседател Александар Вучиќ, одржа прес-конференција.
На крајот од конференцијата тој им се обрати на присутните со зборовите: „Ве молам, доколку имате прашања“, каде што камерманот го прошири кадарот и покажа целосно празна сала.
Видеото ги насмеа корисниците на социјалните мрежи. Видеото е објавено со натпис: „Најсилната прес-конференција во последните 1000 години“.