Комисија ќе го расчистува случајот со модриците на бебето од Клиниката за детски болести

од Nikola Popovski
141 прегледи

Kомисија од Клиниката за детски болести ќе го расчистува случајот со тримесечното бебе од Сарај. Семејството обвинува дека било повредено од здравствен работник на Одделот за имунологија. Медицинската сестра треба да ја каже и својата страна на приказната, која предизвика бурни реакции во јавноста, со објавување снимки од доенчето кое има модринки по раката.

Помош и поддршка сестрата доби и од Синдикатот на Клинички центар, чиј член е. Посочуваат дека не смее да се обвинува никој пред да се докаже вина.

-Нема да дозволиме да се гази достоинството на македонските здравствени работници, велат од Синдикатот.

Со обелоденување на случајот, истиот ден министерот за здравство и директорот на Детската клиника го посетија семејството. Арбен Таравари рече дека ако има вистина во обвинувањата, ќе има и санкции.

Родителите, и покрај тоа што се многу задоволни од стручниот третман и грижа на бебето од страна на здравствениот персонал на одделот каде престојувало доенчето- после што бебето има видно подобрена здравстврна состојба, сепак тврдат дека сенка фрлило нестручното однесување на една медицинска сестра.

Иако на социјалните мрежи имаше ставови дека бебето има тромбоцитопенија која предивикува подливи и модринки, директорот на Детската клиника вели дека тие сомнежи биле отфрлени при приемот на клиниката кога биле направени анализи.

-Универзитетската клиника за детски болести, преку обезбедување соодветна професионална медицинска нега,останува посветена да се грижи за здравјето на сите деца- нашите најмили и нема да дозволи да, било чие индивидуално непрофесинално и неетичко однесување кон пациентите, фрли сенка врз угледот на нашата институција, се вели во соопштението од Детската клиника.

Слични содржини