Комисија реши да работи и да бара инциденти предизвикани од говор на омраза

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Конечно по долги гидини игнор и молк за проблемот кој го уништува  и дискриминара општеството Комисијата за заштита од дискриминација  се огласи.  по повод 22 јули, нели, Европскиот ден на жртвите на криминалот од омраза

115237

Таа ги повикува сите граѓани кои се сведоци или жртви на инциденти од говор на омраза да ги пријават случаите, со огклед на тоа што, како што посочуваат од Комисијата и дискриминацијата преставува мотив за кривични дела од омраза.

– Комисијата за заштита од дискриминација како централно, национално тело за спречување и заштита од дискриминација, како и за промоција и афирмација на принципите на еднаквост, теолеранција и недискриминација, во рамките на своите надлежности ги повикува граѓаните кои се сведоци или жртви на инциденти од говор на омраза, да го пријават инцидентот во Комисијата, се вели во денешното соопштение по повод Европскиот ден на жртвите на криминалот од омраза – 22 јули.

Со прогласувањето на Европски ден на жртвите на криминалот од омраза целта е да се воспостави ден за признавање на проблемот со криминалот од омраза во Европа, да се даде поддршка на жртвите, да се потврди заложбата за мониторирање, спроведување на законот и подигање на јавната свест со цел таквите кривични дела да се осудат и спречат.

Криминал од омраза, истакнуваат од Комисијата за заштита од дискриминација, претставува секое кривично дело каде сторителот е мотивиран поради некоја карактеристика на жртвата како што е раса, етничка припадност, религија, политичка припадност, сексуална ориентација или друго својство.