302
Полицискиот час за претстојниот викенд, кој е продолжен со два празника, ќе трае од сабота во 19 часот до 05 во вторник.
Ова, како што информира денеска министерот за здравство Венко Филипче, е предлогот на Комисијата за заразни болести што ќе го достави до Владата, која треба да ја донесе конечната одлука.
-Проценките се дека најголем процент од новите случаи на ковид-19 во изминатите денови се од приватни и семејни собири. Поради непочитувањето на мерките, проценките се дека само вакви ригорозни чекори може да дадат ефект. За сите други рестрикции, како што е отворањето на угостителските објекти или укинување на полицискиот час, Владата ќе одлучува следната седмица, рече Филипче.