Комисијата препорача укинување на носењето маски во затворен простор

од Берта Китинска
582 прегледи

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски денеска на прес конференција посочи дека на денешниот состанок на Комисијата е разгледана Епидемиолошката состојба во земјава и заклучиле дека моменталните услови им овозможуваат да ги намалат рестриктивните мерки.

-Предложена мерка на укинување на носење заштитна маска во затворен простор.Од оваа мерка исклучок се здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз, кажа Петличковски.

Слични содржини