Комисијата за еднакви можности на мажите и жените денес со експерти ќе заседава и има јавна расправа во Собранието

301 прегледи

Во Совранието денес ќе се оддржи јавна расправа во рамки на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, врзана за Годиишниот извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост.

Дел од оваа расправа ќе бидат присутните пратеници, како и министeрката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, претставници на координаторките за еднакви можности на министерствата и локалните комисии за еднакви можности и од други институиции како Народен правобранител, Комисија за заштита од дискриминација, Државен завод за статистика, ЗЕЛС, Канцеларијата на Националниот механизам на жртви на трговија со луѓе при МТСП, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women), ОБСЕ, Делегација на ЕУ, претставници на НВО-секторот од оваа област, експерти…

На јавната расправа ќе биде презентирана и Евалуацијата на Стратегијата за родова еднаквост 2013 – 2020 година, во рамки на проект на МТСП со UN Women.

Во Собранието за денеска е закажана и седница на Комисијата за одбрана и безбедност, на која на дневен ред е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство на Република Македонија, по скратена постапка – второ читање.

Слични содржини