Комисијата за мандатно-имунитетни прашања му препорача на Собранието да го одземе имунитетот на Груевски, Тарчуловски, Вељановски и Мукоски не дојдоа

од desk2
61 прегледи

Комисијата за мандатно-имунитетни прашања му препорача на Собранието да го одземе мандатот на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со 5 гласа „За“, ниту еден воздржан и ниту еден против, по сите шест барања од судот за определување притвор.


Сепак, на денешната комисија столчињата каде требаше да седнат пратениците на ВМРО- ДПМНЕ на Комисијата за мандатно имунитетни прашања на која ќе се расправа дали да му биде одземене пратеничкиот имунитет на пребеганиот Никола Груевски, останаа празни.

Во ова собраниско тело членуваат Трајко Вељановски, Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски и Борис Змејковски, но ниту еден од нив не се појави на седницата.

Сепак мнозинството од членови од владејачкото мнозинството беа присутни, со што Комисијата можеше да одлучува по барањето за притвор од судот.

Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски, по заклучувањето на седницата, рече дека пратениците од опозицијата биле уредно поканети да присуствуваат на седницата, писмено и по електронски пат, но коментраше дека таква била нивната практика до сега и кога се расправаше за одземање на мандатот на пратеникот Груевски.

Претседателот на  собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски пред да почне претресот за одземање на имунитетот на Груевски, побара да се спроведе темелна истрага за бегството на поранешниот премиер.

Тој изрази разочарување што системот и органите на прогонот не го обезбедиле присуството на Груевски, за кого денеска треба пратениците да одлучуваат за одземање на имунитетот.

Слични содржини