164
Во Собранието денеска две седници ќе одржи Комисијата за образование, наука и спорт, на чиј дневен ред се измени на неколку закони.
Членовите на оваа Комисија ќе ги разгледаат измените на Законот за основното образование, на Законот за средното образование, на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење, на Законот за просветната инспекција и на Законот за спортска академија.
На дневен ред на Комисијата е и Предлог на закон за установите за средно образование на верските заедници.