Комисијата за заразни болести бара укинување на две мерки против корона

од Берта Китинска

Две нови мерки ќе предложи Комисијата за заразни болести до кризниот штаб и до Владата.

“Првата се однесува на укинување на задолжителното поседување на негативен ПЦР тест или потврда за прележаност и вакцинација при излез од земјата. Втората е да се укине ослободувањето од работа за бремените жени. Препораката е бремените да се вакцинираат и така да го заштитат своето здравје. До сега мерката беше да се ослободат од работа, а препораките од светот е да се вакцинираните. Тоа е за унапредување на здравјето на бремените жени “, рече портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.

Слични содржини