Комисијата за заразни болести демантира дека донела одлука за целосно олабавување на мерките

од Берта Китинска
345 прегледи

Комисијата за заразни болести ги демантира информациите кои се пласирани денеска во одредени медиуми дека на утринскиот состанок е донесена одлука за целосно олабавување на мерките, заради тоа што тие не биле почитувани од граѓаните, соопшти Министерството за здравство.

Сите досегашни мерки и предлози до Владата, велат оттаму, Комисијата за заразни болести ги носи врз основа на темелни анализи на состојбата со епидемијата во земјата.

– Денеска на прес-конференција, ставот на Комисијата детално ќе го образложи д-р Жарко Караџовски, претстедател на Комисијата за заразни болести, посочуваат во соопштението.

Слични содржини