Собраниската Комисија за здравство не го прифати предлог-законот на Левица за утврдување максимални цени за лекување на пациенти со ковид во приватните здравствени установи. За претседателот на Комисијата, Арбен Зибери, Кoмисијата и владиното мнозинство сметаат дека таков предлог-закон веќе е усвоен од Собранието.
Со предлог-законот поднесен од двајцата пратеници од Левица, посочи Зибери, се бара нов закон за здравствена заштита. Тој рече дека нивните предлози веќе се инкорпорирани во законот, кој вчера го усвои Собранието, а беше поднесен од Владата односно од министерот за здравство.
Тој појасни дека со новиот Џакон, кој го донесе Собранието, се регулира цената на ПЦР тестот и се изедначува со таа што Фондот ја наплаќа кон државните институции, на 1860 денари.