Комисиска расправа за предлогот Ана Павловска Данева да биде избрана за уставна судијка

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања на денешната седница се очекува да расправа по единствената точка на дневен ред – утврдување на предлог за избор на судија на уставен суд. За уставен судија, според материјалите објавени на веб-страната на Собранието, е предложена универзитетската професорка Ана Павловска Данева.

На првата седница одржана за оваа точка одржана на 25 јануари не беше утврден дневниот ред. На оваа седница, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа појаснување зошто е повлечен претходниот предлог за уставен судија. Воедно посочија дека со новиот предлог за судија не се запазени важни услови.

„Кога се бираат судии секогаш се внимава на две нешта кои не се исполнети во случајов. Првиот е да има департизација, тоа значи тој што е судија да нема политичка активност или политичка определба. Предлогот е истакнат правник, но дури и некој да е професор со искуство од областа кога ќе дојде на местото кандидат за уставен судија веќе имаме проблем со репутацијата“, навел Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Предлогот Павловска Данева да биде нова уставна судијка дојде откако на 24 јануари во Собранието по речиси година и половина расправа беше повлечен предлогот за Љубомир Јовески да биде уставен судија. Тој тогаш изјави дека изненадувачки и вулгарно било тоа предлогот да биде повлечен без да се наведат основни причини за тоа поради што му била нанесена штета.

Слични содржини