214
На 6-та седница на Управувачки комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, се разгледуваше подготвеноста за справување со пожари на отворен простор.
Било утврдено дека пожарите коишто биле активни во Општина Берово се ставени под контрола, како и другите пожарите низ државата се ставени под контрола.
-МВР, заедно со ЦУК, АРМ, ДЗС се во постојано 24 часовно дежурство и надгледување на пожарите, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Покрај Спасовски, на седницата на Комитетот присуствувале и министерот за здравство, Беким Сали, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.