Комити: Раководството на Вардар не им дозволува на фудбалерите да тренираат на клупскиот тренинг-камп

од Nikola Popovski
340 прегледи

„Раководството на Фудбалскиот Клуб Вардар, не им дозволува на Фудбалерите на Фудбалскиот Клуб Вардар, да тренираат на тренинг-кампот на Фудбалскиот Клуб Вардар“, објавија вечерва од навивачката група „Комити“.

Според нив, „ова е за жал реалноста со која се соочуваме сите ние кои се идентификуваме со Фудбалскиот Клуб Вардар“.

„Фудбалскиот Клуб Вардар е детенце кое е исфрлено од својот дом на улица, исфрлен е од своите родители кои се откажале од него преку весник. Исфрлено е на суров начин, и родителите не сакаат да чујат за него, дали има каде да преспие, дали е добро, дали е гладно, жедно, дали е добро, дали ќе фати некоја болест…

А што е вината на тоа дете кое е толку слатко, што едноставно ги радува срцата на сите други освен оние на своите родители?Другиот родител е Градот Скопје, кој смета дека не треба да се грижи за своето чедо поради тоа што другиот родител, а не самиот тој го исфрлил своето дете надвор, па поради тоа и нема обврска да го згрижи своето мало детенце, кое плаче затоа што е неухрането, жедно и ненаспано“, истакнуваат навивачите.

Од таму прашуваат дали „ќе има некој доволно доблест и храброст да им го одземе на негрижливите и неодговорни родители ова мило детенце?“

„Постои ли некоја институција која ќе знае да отвори очи да го констатира сево ова, па да се охрабри да им го одземе правото на родителство на двете страни, за да назначи нов старател? Ова дете мора да биде растено со љубов“, стои во соопштението на Комити.

 

Слични содржини