Комити Скопје го прозваа Миленко: Вардар не е играчка за манипулации

од Даниел Ѓорѓиевски
157 прегледи

Групата и здружението „35 години Вардарци“ категорично ги демантираат наводите на Миленко Неделковски, оценувајќи ги како лаги со цел да го наруши единството меѓу навивачите на Вардар и да ја поткопа заедничката борба против актуелната управа на клубот.

Во реакцијата се наведува дека Неделковски повторно изнесува лажни обвинувања без никакви докази, со единствена цел да создаде дефокус и да ја избегне личната одговорност за лошото менаџирање на клубот.

„Целта е јасна: дефокус и избегнување на личната одговорност за досегашното лошо менаџирање на клубот и создавање лажна слика дека некој друг, а не самиот тој, е виновен за нарушената атмосфера меѓу навивачите и управата“, стои во соопштението.

Дополнително, се демантира поврзаноста на Борјан Ефтимов со здружението, потенцирајќи дека тој не е член, ниту дел од основачкото собрание.

„Со самото тоа, паѓа во вода обвинувањето дека здружението било злоупотребено за цели кои не се поврзани со неговите основни начела – афирмација на ФК Вардар и борба за клубот. Како тогаш, така и сега, остануваме верни на клубот и групата“, се додава во реакцијата.

Слични содржини