Комо во Серија „А“ по 20 години пауза

од Vladimir Zorba
345 прегледи

ФУДБАЛЕРИТЕ на Комо им се придружија на играчите на Парма како директни патници во првата италијанска лига по основниот дел од натпреварувањето во Серија Б.

Комо се врати во најдобрата лига по 21-годишно отсуство со ремито 1:1 на домашен терен против Козенца во последното коло, а помогна и поразот од Венеција кај Специја со 1:2.

Со таков исход Комо го заврши натпреварувањето на второто место со 73 бода, три помалку од првата Парма која две кола претходно обезбеди пласман во првата лига и три повеќе од третата Венеција која ќе треба да игра во плејофот за последниот, трет билет за Серија А.

Комо последен пат играше во Серија А пред нешто повеќе од 20 години. Испаднаа од лигата во сезоната 2002/03.. Оттогаш, клубот дури два пати банкротирал и паднал до четвртиот степен на италијанскиот фудбал. Сè се промени во 2019 година, кога браќата од Индонезија Роберт и Мајкл Хартоно го презедоа четвртолигашот.

Двајцата имаат проценета нето вредност од 43,5 милијарди евра. Тие се убедливо најбогатите сопственици на кој било италијански клуб, а најголемиот дел од своето богатство го направија со инвестирање во централната банка на Азија. И двајцата се сопственици на Djarum, еден од најголемите производители на цигари во светот.

Од нивното преземање на клубот, започна ненадеен подем, кој сега може да кулминира со влез во највисокото ниво. За време на короната, браќата Хартоно покажаа голема грижа за локалната заедница и донираа во здравствените институции, а целиот клуб се труди максимално да ги користи локалните ресурси.

Таквата приказна му се допадна на легендарниот Тиери Анри, кој реши да инвестира во клубот кога слушна како Комо работи во заедницата. Голем потег за признанието на клубот беше доаѓањето на Цеск Фабрегас во летото 2022 година, кој кариерата ја заврши во Комо, а денес е помошник тренер во првиот тим кој сезонава го водеше самостојно на пет натпревари.

Слични содржини